А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДУИ ја презентира програмата за локалните избори

by А1он10/03/2013 - 14:3110/03/2013 - 14:45114
Share0

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска на прес-конференција ги претстави политичката платформа на ДУИ и програмата за претстојните локални избори.
Бесими нагласи дека ДУИ останува сериозен партнер на граѓаните. Дадениот збор го остварува и се што вети, реализира.

Добивај вести на вибер

– Во изработката на нашата програма беа вклучени кандидатите за градоначалници, домашни, регионални и меѓународни експерти, како и граѓаните. Програмата е продолжение на политичкото дејствување на ДУИ и уште еден показател дека локалните избори за нас се важни исто како и парламентарните, рече Бесими.

Тој потенцираше дека процесот на децентрализација како дел од рамковниот договор придонел за доближување на локалната власт до граѓаните, а на општините им овозмжил поголем буџет, управување со градежното земјиште, вклучување на родителите во училиштата.

Во однос на поединечните проекти Бесими истакна дека на годишно ниво во околу 37 општини каде ДУИ излегува со свои кандидати се планирани по 1.500 проекти или над 6.000 зафати во следните 4 години. Со програмате се наведени по три приоритени проекти за секое населено место во определена општина.

На преставувањето на предизборната програма на ДУИ во партиското седиште во Тетово присуствуваа министри и заменици министри, како и повеќе градончалници и носители на советнички листи од редовите на оваа партија.

izbori

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен