Државниот студентски дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите

Од:

Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје денешната седница на Управниот одбор, по претходна координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студентите.

-Враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945 денари се враќа на 3.645 денари, исто како претходните години. Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура, се посочува во соопштението на Државниот студетски дом “Скопје“.

Како што се наведува, одлуката да се вратат старите суми е донесена по реакцијата на студентите за покачените цени, а дополнително ќе се бара решение за нормално функционирање на студентските домови.

Би можело да ве интересира

На стари гробишта во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ се најдени човечки коски

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

Горан Наумовски

Мицкоски: Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови во државава

Горан Наумовски

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови за 2023/2024 година

Горан Наумовски