Дрога и нелегален комар откри полицијата во тетовски локал, приведен сопственикот

Од:

39-годишен сопственик на угостителски објект од Тетово бил приведен ноќеска нешто после полноќ откако во неговиот објект биле пронајдени 37 пакувања марихуана, дигитална вага, реквизити за организирање комар (чипови, карти и коцка) и нож информира Министерството за внатрешни работи.

– Тој е задржан во Полициската станица Тетово, во тек е претрес во неговиот дом и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни, законски предвидени поднесоци. Во објектот, исто така, бил приведен и Д.Х.(21) од Тетово кај кого бил пронајден и одземен нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука