ДПИ: Не се забележани неправилности и големо отстапување за време на „Black Friday“

Од:

Државниот пазарен инспектор во петокот, за време на акцијата „Black Friday“ изврши инспекциски надзори во моловите на територија на цела држава. Неправилности и големо отстапување немаше. Ова на денешната прес-конференција го соопшти раководителот на Инспекциски надзор Скопје Мери Проја Продановска, одговарајќи на новинарско прашање колку и какви неправилности имало за време на „Black Friday“.

-Во моментот се обработуваат уште некои постапки во делот на попустите што беа забележани на „Black Friday“, рече Продановска.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Бухова – Сотирова, пак, изјави дека немаат ингеренции да постапуваат по санкционирање на мерките во однос на почитување на ЛЗО-опрема (лична заштитна опрема) во моловите и сите правни субјекти кои ги инспекторира ДПИ.

На новинарско прашање дали се вршат редовни контроли во маркетите во Скопје, Продановска рече дека Државниот пазарен инспекторат врши контроли и во маркетите низ цела држава, не само во Скопје.

Од почетокот на пандемијата па до денес, како што рече, се воочени неправилности низ цела држава и имаме доставено околу 80 прекршочни платни налози. Додаде дека секојдневно ја следат ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Заради пропусти на власта Пазарниот инспекторат не може да ги казнува маркетите

Катерина Ѓуровски

Засилени контроли на Пазарниот инспекторат за „Black Friday“ и непочитувањето на Законот за заштита од пушење

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска