ДПА објави победа во Струга

Од:

Демократската партија на Албанците вечерва во Струга прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник Зијадин Села на повтореното гласање што се одржа денеска на девет избирачки места во општината.

– На овие локални избори за кандидатот Зијадин Села гласаа 20.728 граѓани со право на глас, а за Кочоски 14.676 или разликата е 6.072 гласови предност за Села, изјави портпаролот на струшкиот разгранок на ДПА Албрим Хоџа.

Прославата на ДПА во Струга за освоената доверба на локалните избори ќе се одржи вечерва во струшкото село Подгорци, каде, како што вели Хоџа, веќе заминале идниот градоначалник Села заедно со лидерот на партијата Мендух Тачи.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар