Дожд и ветер денеска и утре, од вторник стабилно и топло

Од:

Претпладне времето е променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, попладне, а особено во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.

Во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјата. Преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 km/h). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време