Донирани велосипеди за деца без родители од Кичево

Од:

На 39 деца без родители од Кичево и околината, денеска, во просториите на хуманитарната организација „Класје на добрината“ во Кичево, им беа доделени велосипеди, донација од турската владина агенција за соработка и координација ТИКА.

– Успеавме да обезбедиме 39 нови велосипеди за децата без родители кои се на возраст до 13 години. Благодарни сме на ТИКА за оваа донација која колку толку ќе им го разубави денот на оваа категорија деца, изјави Ќамил Рушити, претседател на ХО „Класје на добрината“.
Акцијата, посочи Рушити, се одвива под мотото „Мојот убав спомен”.

Во „Класје на добрината” се регистрирани 62 деца без родители на кои, како што рече Рушити, секој месец се обидуваат преку разни донаци да им обезбедат по 2.000 денари парична помош.

Би можело да ве интересира

Претставници на турската агенција „ТИКА“ во посета на Општина Охрид

Ана Ололовска

ТИКА донираше 125 пластеници на земјоделците од штипскиот регион

Емир Латифовиќ

Нова компјутерска опрема од ТИКА за Македонската информативна агенција

Емир Латифовиќ

Средба на министерот Димовски со претседателот на ТИКА Сердар Чам

Емир Латифовиќ