Донација за поддршка на училиште во делчевско Тработивиште

Од:

Делчевската јавна библиотека „Илинден“ денеска донираше училишен прибор на учениците од Подрачното училиште во делчевското село Тработивиште и книги за потребите на училишната библиотека.

Оваа активност е дел од заложбите на вработените во Јавната локална библиотека да се промовира работата на библиотеката, значењето на книгата, но и да се придонесе за збогатување на библиотечниот фонд во подрачните училишта, истакна директорката на ЈЛБ Илинден, Билјана Петровска.

– Сите дваесет и седум ученици кои посетуваат настава во ова Подрачно училиште добија училишен прибор и ученички ранци, а за потребите на училишната библиотека дониравме 22 наслови од домашни и странски автори, со што мислиме дека ќе придонесеме кон зголемување на интересот на учениците за книгата, а ќе дадеме и мал придонес кон подобрување и зголемување на библиотечниот фонд, истакна Петровска

Овие активности на делчевската библиотека ќе продолжат и во другите подрачни училишта со цел збогатување на библиотечниот фонд на училишните библиотеки.

Би можело да ве интересира

Стан изгоре во пожар во Делчево

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание