ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

Од:

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува револт и длабоко разочарување од одлуката на Собранието на Македонија да не ја изгласа предлог-резолуцијата за овозможување непречен влез на храна и медицински средства за цивилите во Појасот Газа. Ова молчење на македонските пратеници е потполно недостојно за земја која ја носи традицијата на хуманизам и солидарност од нашите предци“ соопштија попладнево од партијата.

Од ДОМ велат во македонскиот парламент само 16 пратеници ја поддржаа хуманитарната иницијатива, додека сите останати пратеници од владејачкото мнозинство и дел од опозицијата гласаа воздржано или против. Ова не е време да анализираме дали резолуцијата е предложена од опозицијата или од владејачките партии време е да делуваме со мерки што ќе им помогнат на луѓето во нужда во Појасот Газа“.

ДОМ ја повикува Владата итно да ги активира сите достапни механизми, вклучително и редуцирање на дипломатските односи за да се зголеми меѓународниот притисок врз Израел и да се обезбеди хуманитарна помош за жртвите во Газа. Секоја минута молк значи уште изгубени животи на деца, родители, цели семејства кои умираат од глад и болест. Зелената партија ДОМ ја нагласува неопходноста од целосна вклученост на сите политички актери во овој процес. Секоја партија и секој пратеник што ќе продолжи да одбива поддршка за хуманитарна резолуција се става на страната на оние што го кршат меѓународното право и човечките права“ е партискиот став“.

Во партиското соопштение ДОМ подвлекува дека нема да престане да реагира и ќе ги интензивира контактите со меѓународните организации и партнерските зелени партии за да го подигне гласот на македонската демократија и човечност. Ова е прашање што ја надминува партиската политика станува збор за живот и смрт и секоја седница на Собранието и Владата, секој политички пресек е морален тест за нашето општество!“.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид