Иако имало налог од градежниот инспекторат за уривање на објектот дивоградба во близина на американската амбасада, тој се уште се наоѓа таму, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференијата на која објави материјали за како што рече „коруоциското работење на ДУИ“.
-Вие ќе можете да го видите на видео бимот, ќе ви биде и поделен, а јас, за да биде појасно за јавноста ќе го цитирам само клучниот дел којшто вади на површина корупциски скандал. Транскриптот е од разговор помеѓу претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Бекир Асани и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Асани најдиректно му соопштува на Ахмети, цитирам: “Доколку ти рече тој нешто, ако крева прашина, ти речи му го тоа, ваква е работата, слободно кажи му, твојот зеде 100.000 евра за работа во Чаир, зашто тој Сашо Мијалков што беше директор, тој зеде 100.000 евра.“ “Тој“ на кој Ахмети треба да му го соопшти ова, според разговорот во првиот дел, е Груевски, со кого Ахмети имал закажано средба, рече Заев.
Телоп 7
09.09.013
11:39:24
БЕКИР АСАНИ – АЛИ АХМЕТИ
(72221..) (38975401…)
Б – На работа си денес или не?
А – Денес е празник, независноста.
Б – Празник на независноста на РМ.
А – Аха.
Б – Многу добро. Тогаш утре наутро кога ќе дојдеш на работа би сакале да се сретнеме малку , јас ти и Изет (Меџити) ако има можност, ако не ………. (не се доискажува)
А – Добро де. После, зашто имам една средба во Влада, значи попладне околу 16:30, кога ќе излезам јас од таму ќе се сретнеме кај „ШКУПИ“.
Б – Имаш (средба) со НГ или со овие нашите?
А – Со НГ.
Б – Токму поради тоа е добро да ……. (не се доискажува) одлучиле да не не остават раат во Чаир, прават галама на сите страни.
А – Што прават?
Б – Откако се затворија некои работи целосно тој сега кренал „прашина“ во Чаир за тоа спроти Амбасадата (на САД). Тие почнале да кречат , тој им го зел имотниот лист, им ја вратил процедурата , сега без врска му текнало , крева прашина за 5 дена да им го земат имотниот лист.
А – Аха.
Б – Доколку ти рече тој нешто, ако крева прашина , ти речи му тоа, тоа и тоа, ваква е работата, доколку ти рече нешто слободно кажи му „твојот зеде 100 000 евра за работа во Чаир“, зашто тој Сашо Mijalkov што беше директор тој зеде 100 000 евра , ти кажав тогаш.
А – Аха, аха.
Б – Ама треба да ни помогнеш тука.
А – Доколку го покрене (како прашање, проблем) ќе разговарам ако не тогаш ќе ја тераме преку тие другите.
Б – ОК. Тогаш добро е да се видиме кога ќе излезеш од таму. Тој не верувам дека ќе го покрене но ти не е лошо да му кажеш еден збор.
А – Аха. Ќе ја покренеме преку тие од транспорт после.
Б – Тој ги прави проблемите зашто таа директорката ги затвори сите процедури , сега Министерот за транспорт со наредба на Премиерот влегол.
А – Аха. Ајде откако ќе се сретнам јас ќе се видиме и ќе ја видиме оваа работа.
Б – ОК. Ние ќе почнеме од вечер со работа на Собранието на Огранокот.
А – Добро де.
Б – Денес ќе го имаме првиот состанок на месните совети и ограноци и од денес ќе ја формираме работната група но ќе ве информираме со записник.
А – Добро.