Дојава за бомба во авион на скопскиот аеродром, летовите се нормализирани

Од:

Пријава за поставена бомба во авион која требало да полета кон Турција од аеродрдомот во Скопје била добиена на бројот 112 ноќеска. Полицијата извршила проверка и се покажало дека дојавата е лажна.

– Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој од “Меѓународниот аеродром Скопје” требаше да полета кон Турција. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа, се вели во соопшптението од МВР.

Околу 06 часот аеродромот продолжи со редовно работење.

Се огласија и од ТАВ Македонија.

– Рано утринава, 16.8.2025г., околу 2:50 минути, до Единицата за информирање и командување при Министерството за внатрешни работи е пристигната дојава за експлозивна направа во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје.

Согласно процедурите за постапување, аеродромските служби на Меѓународен аеродром Скопје како и сите релевантни служби и институции при МВР беа веднаш известени и активирани беа сите планови и процедури за постапување при вакви настани.

Единици на МВР во координација со Одделот за обезбедување на ТАВ Македонија веднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки и утврдија дека заканата е лажна.

Нема откажани летови на Меѓународен аеродром Скопје, но сообраќајот беше времено запрен до 6:00 часот утринава, односно сé додека МВР не извести дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред, се вели во информацијата од компанијата.

Би можело да ве интересира

Хаосот поради маглата продолжува, откажани и одложени летови од скопскиот аеродром

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Откажани и пренасочени летови на скопскиот аеродром, маглата направи хаос

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што доцнат

Катерина Ѓуровски

Поради силен ветер два авиони не можеа да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

А1он

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона