Договор за воведување на наставните програми од Кембриџ од четврто до шесто одделение

Од:

Наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ, кои се воведени од прво до трето одделение, ќе продолжат да се имплементираат од четврто до шесто одделение.

Договор за продолжување на соработката денеска ќе потпишат министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заменик-министерот Спиро Ристовски, заменик директорот на Бирото за развој на образованието Ајше Селмани и генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ Мајкл О’Саливан.

Заменик-министерот Ристовски, кој вчера со О’Саливан посети основно училиште во Кисела Вода, истакна дека по една и пол година од почнувањето на преговорите за реализација на Кембриџ програмата во македонскиот образовен систем, учениците од прво до трето одделение веќе изучуваат математика и природни науки по комплетно нови реформирани наставни програми.

– Ќе продолжиме со реформирање на наставните програми по математика и природни науки од четврто до шесто одделение. Очекувам во текот на наредната година по успешното завршување на овој втор дел од реформата да го комплетираме, односно завршиме реформирањето на делот на основно образование, од седмо до деветто, истакна Ристовски вчера при посетата на ОУ „Круме Кепески“.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март