Договор за соработка помеѓу Институтот на овластени ревизори и Американ Колеџ

Од:

Универзитетот Американ Колеџ и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, денеска во просториите на Универзитетот потпишаа договор за академска соработка.Договорот го потпишаа ректорот на Американ Колеџ, Марјан И. Бојаџиев и претседателот на Институтот за овластени ревизори Борислав Атанасовски.

Договорот има за цел страните да соработуваат за создавање на можност за формирање испитен центар на „Association of Chartered Certified Accountants“ (АССА) во Македонија, како и соработка на полето на обука, продлабочување на знаењата и разменување на искуства.

– Ваквите соработки за нас и за нашите студенти се особено важни за исполнувањето на врвното образование кое понатаму ќе придонесе во градењето на професионални кадри. Се надевам дека соработката со Институтот во иднина ќе ја прошириме и надоградиме, рече Марјан И. Бојаџиев на денешната прес-конференција.

Тој се заблагодари на Светската банка и на Центарот за форма на финансиското известување од програмата EU REPARIS- програма за земјите од Западен Балкан, пред се на компонентата за Образование и развој на кадри, чии работилници помогнале во изработка на академската програма, која вклучува и изучување сметководство и ревизија.

При своето обраќање претседателот на Институтот за овластени ревизори, Борислав Атанасовски, напомена дека е особено важно изготвувањето на квалитетни финансиски извештаи, а особено оние кои котираат на берзата. Додаде дека контролата на квалитетот на друштвата за ревизија е од клучно значење за институтот.

Би можело да ве интересира

Димовски верува дека денеска ќе се случи конечен избор на државен ревизор

Ана Ололовска

Нов обид за избор на главен државен ревизор

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Ќе ни ги исечат струјата и водата, а не ќе можеме да правиме ревизија на изборната кампања“, ревизорите гневни што се блокирани

Васко Маглешов

АНАЛИЗА: Регулаторната комисија за енергетика под лупа на ревизорите!

Ана Ололовска

11 години ревизорите не ѝ ја проверуваат сметката на Владата

Васко Маглешов

АНАЛИЗА: Како се продавало и отуѓувало државното градежно земјиште – наоди на ревизија!

Ана Ололовска