(ВИДЕО) Договараме поддршка од ДПА да го заебеме Заев

Од:

Третиот сет од телефонските разговори кои ги објави СДСМ се однесуваат на прегласувањето на последните локални избори во Струмица и на обидот на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, изборниот пораз да го претворат во победа.

СДСМ објави разговор за кој посочи дека лично Никола Груевски му се фали на нивниот медиумски пропагандист, Драган Павловиќ Латас дека го „зафркнале“ градоначалникот Заев, зашто договорил поддршка од ДПА на Мендух Тачи.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Никола Груевски

НГ: Утепување.
ДПЛ: Го слушна?
НГ: Да, да. Нее, од ова правиме сега три дена драма ние.
ДПЛ: Па чекај, четврти пут им е да ја продадат државата.
НГ: Утре кичевчани да ги чуеме што ќе кажат.
ДПЛ: Тоа, па и на Нино му викам, прво кичевчанецот, па после, после на крај ти.
НГ: Задутре експертите, у недела нешто ретроспектива ќе кажат.
ДПЛ: И колку кошта Заев. Колку кошта местото на Заев?
НГ: Знаеш што сега ние правиме? Знаеш што правиме сега? Договараме со ДПА они да не поддржат и да го заебеме и Заев. Леле, каква чивија ќе биде тоа, хахахаха.

Би можело да ве интересира

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Закана за поставена бомба во градското Собрание на Загреб: Томашевиќ нема да го доживее утрото

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром