Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“ за мастер студии на Шефилд

Од:

На 20 млади лица избрани на конкурс денска им беа врачени стипендии „Борис Трајковски“ за мастер студии на СИТИ Колеџот од Солун, Меѓународен факултет во состав на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, за академската 2016/2017 година.

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој денеска ги додели стипендиите, истакна дека нема поисплатлива инвестиција од квалитетно образование насочено кон градење лидери за сегашноста и за иднината, а на Република Македонија, додаде, ѝ се потребни лидери во областа на бизнис-администрацијата, менаџментот, маркетингот и финансиите.

– Многумина се пријавија на овој конкурс. Но, малкумина беа избрани. Вие сте најдобрите од најдобрите. Инвестираме во вас со цврсто уверување дека ќе бидете добри претприемачи и менаџери, со успешна кариера, но и со одговорност кон општеството. Вашите идни успеси ќе бидат и успех на Република Македонија, рече Иванов.

Посакувајќи им успех, тој на стипендистите им порача дека во наредниот период, тие ќе бидат слика на македонското општество во соседна Грција.

– Вие ѝ припаѓате на генерацијата што ќе ги гради новите односи меѓу двете општества, економии и држави. Затоа, стекнувајте и нови знаења, но и нови пријатели, нови вештини, но и нови можности за градење доверба меѓу нашите две соседни држави, истакна Иванов.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска