Влатко Мијалков бара од Киро Шошев познат бизнисмен, вработен во АРМ и сопственик на една третина од земјиѓтето во Росоман помош за објектите во сопственот на Армијата на Република Македонија во Кавадарци да ги земат негови блиски пријатели. Дури налага да се земе клуч од објектите за пријателите да можат да влезат во објектите на АРМ пред да се донесе одлуката за наем, рече на пред конференцијата на СДСМ, Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци.
Според него, во вториот разговор што го објави, има потврда потврда дека и началникот на полицијата бил поставен по партискиот клуч на ВМРО-ДПМНЕ.
– Дополнително, овој разговор ја открива негрижата на најблиските луѓе на Никола Груевски за работниците во Кавадарци. Без грижа на совест, јас би рекол без душа, Влатко Мијалков вели „нека се тепаат, нека сршат глава, што ти е гајле“. Ете тоа ВМРО-ДПМНЕ го мисли за работниците, рече Ѓорѓиев.
Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев
ЌШ:Алоо
ВМ: Кире шо праеш?
ЌШ: Добро брат, еве гледам вести да а е…
ВМ: Се врати ли?
ЌШ: Аха,аха тука сум
ВМ: Абе братче
ЌШ: Ејј
ВМ: Многу се јавуваат луѓе во последно време коишто имаат, овие сеа објекти ,така напуштени, руинирани, заинтересирани се да ги земат под наем да работат нешто .Сеа таму кој е кај тебе таму кој е главен сеа за тие работи ?
ЌШ: Илми Селами
ВМ: Илми Селами, он шо е сеа Илми Селами ?
ЌШ: По министерот он е главен за сите работи недвижни работи во министерството за одбрана
ВМ:А тебе шо те ставија на страна?
ЌШ: Настрана сум јас
ВМ: Илмис Селами а?
ЌШ: Ааа Илмис, тој шо беше претседател на антикорупциска комисија
ВМ: Аааа.Како ние договаравме да се видеме со него ?
ЌШ: Ами јас му дадив наа, овој број на Атанас, он му вртел ама не му дигнал, преѓеска јас му вртев и мене не ми дигна .Он и порака му пуштил ,и така незнам шо се случи понатаму
ВМ: Илми Селами..Ооо.тој Илми Селами со наочарите дебелиот?
ЌШ: Аха. Дебелиот тој…
ВМ: Дебелкото а?
ЌШ: Јас и за тебе му спомнав , му викам воа е другар на Мијалков, шо сака да прави ова таму шо треба. Ааа.Добро, добро вика ајде вика да помине некое време таму нека се спрема па ќе го објавам
ВМ: А он како може клуч да добие,од кого да добие клуч да си влезе таму ?
ЌШ: Шо од кој ?
ВМ: Од кого може клуч да добие да се влезе таму ?
ЌШ: Клуч клуч може да добие таму од Трајчето Чатмов, го знае он Атанас
Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев
ВМ: Aлоо Кире шо праеш?
ЌШ: Шо праиш брат, добро
ВМ: Ти шо праеш?
ЌШ: Добро, добро му се јавував ама не ми дигна да а е… мајка му
ВМ: На Селами ?
ЌШ: Ааа Селами
ВМ: Јас ќе го натерам Селами да ми се јави на мене бе
ЌШ: Да бе да
ВМ: Шо се секираш ти
ЌШ: Нее, ама криво ми е даа мајка му да а е…
ВМ: Ја викам преку тебе сега, пошто си таму , ако не чине така ке одиме со потешка артилерија, е сеа еее Селами
ЌШ: Додека беше Коњаноски газот ни го лижеше да а е… мајка му даа
ВМ: Тоа е бе Кире
Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев
ВМ: Шо прајш газда
ЌШ: Братче, добро бе еве сеа само шо завршиме тука ваа прославата
ВМ: Абе јас те барав денеска сакав да дојдам ама заглавив овдека
ЌШ: Епа, добро , добро сеа .
ВМ: Имав еден куп луѓе
ЌШ:Знам тука беше многу убаво, многу луѓе, многу народ 2-300 луѓе имаше.Сс народо.
ВМ: Да брат така е. Слушај
ЌШ: Ејј
ВМ: Ааа.Кој ви е таму началник на полиција ? ВМРовец или Ес де ес овец
ЌШ: Ами вмровец од ВМРО е поставен
ВМ: Ааа.Како се вика?
ЌШ: Живко Толов
ВМ: Живко Толов а?
ЌШ: Да не ти треба нешто кажуј .А?
ВМ: Па ништо се јавив таму ,Кавадарци имало некоа гужва, имало некоа гужва у Кавадарци таму
ЌШ: Незнам не сум чул јас, кога тоа?
ВМ: Не ,неможеш да чуеш, тоа било сеа пред 5мин.Му се јавив на Митко Чавков .. и така
ЌШ: А шо гужва имало, кој направил гужва?
ВМ: Абе се степале
ЌШ: Каде бе?
ВМ: Се степале бе таму на Михов ,тоа како се вика на Агро Тиквеш. Работниците се степале меѓусебе бе брат бе.
ЌШ: Каде бе се степале работниците?
ВМ: Незнам сеа, каде, каде од кај да знам каде
ЌШ: У Тиквеш?
ВМ: Батали бе шо те боле к.. тоа ,нека се тепат нека скршат глава ајде
ЌШ: Добро, добро