До среда Македонија во портокалово ниво на опасност од високи температури

Од:

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.

УВ индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.

Во земјата утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Би можело да ве интересира

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата

Нов пеколен бран, портокалов аларм, во сила се мерките за заштита

Највисоки температури измерени во Велес и Демир Капија, портокалова фаза до крајот на седмицата

Кризна состојба и портокалова фаза поради жештините и пожарите

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски