До петок нестабилно со врнежи, од сабота суво и студено

Од:

Времето денеска е променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Според прогнозата на УХМР, до петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер над 60 километри на час.

Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури. По одделнии котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Би можело да ве интересира

Два дена облачно и ветровито, потоа сончево и температури во пораст

Катерина Ѓуровски

Претежно сончево и топло време

Катерина Ѓуровски

Дожд и ветер денеска и утре, од вторник стабилно и топло

Период со облачно време и дожд

Сончево со температури до 34 степени

Сончево и топло за време на продолжениот викенд