До 1. јули трае конкурсот на МОСТ за студенти кои ќе патуваат низ Европа

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ потсетува дека  уште пет дена трае конкурсот за примање апликации за проектот „Патуваме во Европа“ во кој 12 студенти од Македонија ќе добијат  можност да патуваат и да ја истражуваат Европа, но и да ја промовираат својата земја.

– Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој 22 дена ќе патува низ Европа имаат уште пет дена да ги поднесат апликациите. Сите студенти во завршна година од студирање или апсолвенти, со просечна оценка во текот на студирањето поголема од 8, имаат можност ова лето да влезат во Европската унија, информира МОСТ.

Со помош на донаторите и спонзорите, МОСТ обезбеди карта за неограничено патување со воз, ISIC-картичка,  патничко осигурување и платежна картичка со дел од средствата кои ќе им бидат потребни на студентите.

Аплицирањето е електронски и трае до 1 јули. Формуларите и информациите за проектот се достапни на www.patvoevropa.org.mk. Патувањето ќе почне на 23 јули, почетна станица за сите избрани студенти ќе биде Берлин, каде што ќе има фестивал на 24-ти и 25 јули, а потоа секој студент по своја желба самостојно ќе го продолжи патот низ Европа.

„Патуваме во Европа” е регионален проект кој шест години се реализира во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и  во Косово.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он