ДКСК ќе иницира постапка за користење автобуси на јавно претпријатие за изборно рекламирање на градоначалник

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси (ДКСК) денеска на седница донесе одлука до надлежен орган да иницира постапка за случај спротивен на Законот за спречување корупција и судир на интереси во којшто за време на локалните избори автобуси на јавно претпријатие биле дадени за рекламирање на кандидат за градоначалник од истата општина. По проверката од ДКСК утврдено е дека нема склучен договор за издавање на автобусите за овие цели, а бидејќи ДКСК не е надлежна за натамошно постапување таа ќе биде проследена до надлежен орган.

Антикорупционерите го прифатиле приговорот на пратеничка која требала да плати прекршочна глоба бидејќи не пријавила дека нејзината ќерка и син основале Друштво за градежни работи, трговија и услуги, откако било констатирано дека тие не живеат на истата адреса со неа. Како што на седницата објасни членот на ДКСК Сервет Демири, пратеничката до ДКСК доставила докази дека нејзините деца не живеат на истата адреса со неа така што, согласно законот, таа немала обврска да го пријави основањето на Друштвото.

До Комисијата стасала пријава за поткуп на полициски службеници, но пријавата ќе биде проследена до МВР бидејќи антикорупционерите не се надлежни да постапуваат.

Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ реферираше за пријава за жена која била на породилно отсуство, а се кандидирала и станала советник во одредена општина. Комисијата ја отфрли пријавата, во која било наведено дека жената користи средства од државата за породилно отстуство и како советник. Чучуљ посочи дека според нашето законодавство не постои таква забрана и оти тоа не е спротивно на законот.

На денешната седница членовите на Антикорупциска рзгледуаа повеќе предмети за можен судир на интереси и корупција, а дел од нив се однесуваа на актуелни и поранешни градоначалници кои не поднеле навреме анкетни листови за имотната состојба или нејзина промена. Најголем дел од оние за кои имаше оформено предмети, како што беше посочено на седницата, во законски предвидениот рок од осум дена ја платиле предвидената глоба.

Претходно на истата седница ДКСК го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во РС Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси потребно е унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за дигитализирање на процесите на креирање на финансиските извештаи, со цел да се овозможи одговорно, отчетно и транспарентно водење на процесот.

Претседателот на ДКСК Чучуљ, сумирајќи ги наодите во извештајот, посочи дека иако постојат основни механизми за финаниско известивање и јавна отчетност, нивната ефикасност не е доволна поради правилата, кои се дизајнирани, особено во однос на локланите избори, кои се одржуваат во два круга, со голем број учесници. Тој посочи дека овие слабости во значаен дел се повторуваат и во претходните изборни циклкуси и посочи дека се потребни законски измени за усвојување подобри решенија.

Чучуљ истакна дека моделот на финасирање останува домнантно зависен од јавните средства, како и од внатрешнопартиски извори на учесниците. Проверливоста на финансирањето е ограничена, како што рече Чучуљ, поради системски пропусти.

ДКСК формирала 43 предмети по поднесени пријави, како и по сопствена инцијатива, кои се однесваат на прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите, за 38 предмети е донесена одлука, а за пет случаи потсапувањето е во тек.

Во однос на регистерот на службените возила на државните органи, Чучуљ реке дека од 1.514 институции, оваа обврска била исполнета од 635 институции, кои доставиле податоци, а 879 не доставиле податоци.

Вкупните приходи од финансирањето изборна кампања биле приближно 569 милиони денари, при што наголемиот дел – 46,7 отсто се од средствата за платено политичко рекламирање, а потоа следуваат донации од правни, физични лица…Трошоците за кампањата изнесувале речиси 301 милион денари, а најголемиот дел од средставата бил насочен кон рекламирање и пропаганда – 76 отсто, за одржување предизборни митинзи и собири се потрошени 8,3 отсто, за стручни услуги и истражувања 7,3 отсто, за транспорт и логистика 4,4 проценти, за репрезентација 1,8 отсто, за изнајмување простор 1,4 отсто.

Извештајот ќе биде доставен до Собранието, а од понеделник ќе биде објавен и на веб-страницата на ДКСК.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска го усвои извештајот за финансирањето на кампањата за локалните избори 2025 и ја избра Софија Спасова Медарска за заменик-претседателка

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

И Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска не пријавиле имот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК, ќе бараме интегритет и одговорност од сите институции

Актуелниот генерален секретар Адем Чучуљ предложен за претседател на Антикорупциска комисија

Катерина Ѓуровски