Панел дискусија „StartSmart“ за значењето на дигитализацијата во образованието во Македонија ќе се одржи денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
За потребата и значењето на дигитализацијата во образованието и читањето, навиките на студентите и младите во Македонија и потребата од поддршка, за улогата на книгите и едукацијата во формирањето на личноста некогаш и сега, меѓудругите, ќе зборуваат, Марко Цуцуловски, менаџер, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Нита Муча, корисничка и соработник на Националната и универзитетска библиотека, експерт за дигитализација.
Притоа, ќе биде промовирана и кампањата за отворање мултимедијален „StartSmart“ центар во Националната универзитетска библиотека, со поддршка на Компанијата Nestle, преку донација на дел средства од продажба на NESCAFÉ 3 in 1 производи.
На ваков начин, на младите и талентирани луѓе, ќе им биде обезбеден модерен и пријатен простор за учење, дружење и професионално напредување, што ќе им помогне да најдат и подобри прилики за работа.