Дискриминирачкото зголемување на платите од 30 отсто во Министерство за финансии за Битиќи е малку, заслужуваат повеќе

Од:

Дискриминирачкото зголемување на платите следната година во некои министерства и секретеријати каде вработените административци ќе земаат многу повисоки плати за разлика од вработените во останатите институции, предвидено во буџетот, за вицепремиерот Фатмир Битиќи е малку. На прашањето со што се заслужни вработените во Министерството за финансии следната година да добијат покачување на платите за 30 отсто, со средства предвидени во буџетот, вицепремиерот одговори дека ова Министерство е столбот на државата и вработените заслужуваат и поголеми плати.

„На крај на денот, Министерство за финансии е столбот на една држава. Тие се одговорни да креираат политики, но тие се и чувари на средствата на државата и мора соодветно да мотивираме луѓе да останат во Министерство за финансии. Затоа, искрено, јас имам различно гледање на тоа што е многу и што е малку. Ако ме прашате дали 30 отсто за луѓето во Министерство за финансии или луѓето во мојот кабинет кои оперираа со портфолио кое веројатно ниедна друга институција го нема, ќе речам дека тоа е малку затоа што тие заслужуваат повеќе“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој нагласи дека неговиот став за платите и во јавниот и во приватниот сектор е дека мора да бидат достоинствени и да одговараат на пазарот на труд, а за неговата плата смета дека е последна која треба да се зголеми.

На крајот на минатиот месец, Комисијата за заштита од дискриминација на посебна прес-конференција извести дека Владата неоправдано предвидува 10.000 денари повисока плата за вработените во секретаријати и министерства во споредба со административците вработени во останатите институции со предлог – Законот за административни службеници. Административците во министерствата и секретаријатите, според Комисијата, имаат работа со иста вредност и исполнуваат исти услови за вработување како и останатите административни службеници и зголемување толкава разлика во нивните плати е дискриминирачка за останатите.

Комисијата официјално побара од Владата и од Министерството за информатичко општество повлекување на предлогот, за што се уште нема став ниту од Владата ниту од Министерството.

Вицепремиерот Битиќи уверува дека иако се предвидени високи плати за вработените во Министерството за финансии никој од административците нема да биде издвоен.
„Со изгласување на Законот за органско буџетирање, кој е во собраниска процедура повеќе од две години, а инаку се работи повеќе од четири години, Министерство за финансии и вработените во Министерство за финансии добиваат нов третман, нова систематизација и нов начин на добивање средства“, рече вицепремиерот Битиќи.

Буџетот за 2023 година предвидува зголемување на платите во Министерството за финансии за 30 отсто, во Министерство за образование за 29 отсто, во Министерство за одбрана близу 15 отсто, заедно 5 отсто предвиден раст на платите во целито јавен сектор.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

(ВИДЕО) Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина

(ВИДЕО) Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“

Битиќи од Куманово: Со мултикултурализам, толеранција и повисоки плати и пензии ќе го поразиме национализмот