Дисциплинска постапка од МНР за Дабиќ затоа што јавно зборувал за состојбите во дипломатијата

Од:

„Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување“, вели амбасадорот Зоран Дабиќ во писмото до јавноста. Во писмото тој вели:

Почитувани сограѓани,

МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување.

Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно.

Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување.

Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи!

Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов!

Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија!

Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови.

Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува.

Амбасадор Зоран Дабиќ

Би можело да ве интересира

Дабиќ: Бујар Османи го приватизира претседавањето со ОБСЕ

Горан Наумовски

Дисциплинска постапка за Зоран Дабиќ од Дипломатскиот синдикат

Горан Наумовски