А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Диневски: Талевски, прво што ќе направам во 24 март е ревизија на твоето работење

by А1он19/03/2013 - 21:49156
Share0

На вечерашниот митинг на Сојузот за иднината во Битола, кандидатот за градоначалник, Менде Диневски му испрати пораката и на неговиот противкандидат, Владимир Талевски.

Добивај вести на вибер

Овие луѓе не се дојдени поради страв или за дневница, тука вечерва овде се присутни битолчани, загрижени за иднината на своите деца. Ајде Талевски снимајте, бројте и пребројте, анализирајте што ви се случи вечерва во Битола. Ако сакаш да бркаш кашпадајлак, ќе ти кажам, плоштадот треба да се шири, ама нема ти да го шириш, туку ние заедно со битолчани, после 24 март, рече тој.

Битола стана град со рекордна сиромаштија, град во кој криминалот е во пораст, град во кој замре старата чаршија. Битола е општина во долгови, туризмот е во колапс. Гарантирам, Битола нема никогаш повеќе да доживее ваков неуспешен период. Затоа време е за промени, време е да живееме во општина во која достоинствено ќе се живее и ќе се старее – истакна Диневски.

Тој пред присутните ги изнесе проектите кои ги содржи неговата програма за посовремена и пофункционална Битола и ја побара нивната поддршка, за да може нив да ги реализира.

Градоначалникот Талевски и власта во последно време многу ме напаѓаат. Талевски, на сите твои слуги, директорчиња и полтрончиња им порачувам: да не ве лажи умот да ги заплашувате луѓето, да правите гласачки ливчиња. По 24 март ќе се соочите со лицето на правдата. Талевски, прва работа по 24 март ќе биде ревизија на твоето осумгодипшно работење. И бидејќи бегаш од дебати, јавно те повикувам на ТВ дуел, па да расчистиме – и и за мене и за Бранко, и за тебе и за Груевски – го повика Диневски својот противкандидат од владејачката партија.

izbori

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Горан Наумовски31/10/2025 - 07:31

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:37

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0019/10/2025 - 15:08

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски19/10/2025 - 16:3219/10/2025 - 16:33

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

Горан Наумовски19/10/2025 - 14:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен