Димковски: Секогаш кога било потребно СДСМ бил тука за земјоделците обезбедувајќи брза и навремена поддршка

Од:

Многу е лесно во време на криза да шириш лаги и да ги манипулираш граѓаните, да создаваш страв меѓу луѓето. Во услови на светска криза ДПМНЕ безобразно лежеа дека ќе немаме леб, дека ќе немаме брашно или зејтин, ширеа лаги и паника кај граѓните дека храна ќе нема државата, бидејќи само тоа и го знаат. Сите тие нивни лаги паднаа во вода, истакна Трајан Димковски претседател на комисијата за земјоделство на СДСМ на денешната трибина „Македонското земјоделство на европскиот пат“ во Струмица, во рамки на серијалот трибини „Решенија што прават разлика“.

„Минатата година, во услови на светска криза ние бевме први во регонот кои навремено подготвија Национален план за производство на храна и креиравме Интервентни мерки за да го стабилизираме и помогнеме домашното производство на храна. Навремено во услови на криза во 2022 година креиравме Интервентна програма со која дадовме поддршка за производителите на житни култури во набавка на вештачко ѓубриво покривајќи ги до 40% трошоците за набавка. Мерка креирана со земјоделците која даде резултати, бележејќи зголемено производство на житни култури, особено кај сончогледот. Интервентната програма ја продолживме и во 2023 година, како отворена програма и обезбеден буџет, со која сме подготвени секаде каде ќе се јави потреба навремено и брзо да креираме мерка за поддршка на секој земјоделец, рече Димовски денеска на трибинатаво Струмица.

Би можело да ве интересира

Димковски: Земјоделците од кочанско да поднесат пријави за проценка на штетите од невремето

Жарко Настоски