Димитров до Захариева: Нема ниту еден приговор за дискриминација по бугарска етничка основа

Од:

Тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања – бидејќи ги слушам многу често јавно од бугарските политичари, се дел од домашниот контекст или се резултат на меур во кој навистина верувате, и рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на пратеничката Екатерина Захариева која обвини дека во земјава има дискриминација по бугарска етничка основа.

Димитров денеска на својот Фејсбук профил објави видео од сесијата пратенички прашања и одговори на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, каде во четвртокот имаше специјално обраќање.

-Какo прво, имаме Комисија против дискриминација. Кога проверив дали има поплаки за овие наводи што доаѓаат од Бугарија дека ние ги дискриминираме граѓаните што сметаат дека се етнички Бугари, до оваа Комисија нема ниту еден доставен приговор против дискриминација. Оттука, тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања – бидејќи ги слушам многу често јавно од бугарските политичари, дали се дел од домашниот контекст или е резултат на меур во кој навистина верувате во такво нешто? Северна Македонија е мултиетничка држава. Во нашиот Устав стои дека етичките заедници се еднакви, наведе Димитров.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски