Димитриевски: Шпекулации се наводите дека е набавениот семафор за спортската сала кој чини над десет милиони евра

Од:

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денеска ги квалификуваше како шпекулации наводите дека набавениот семафор за спортската сала чини над десет милиони евра, укажувајќи дека сумата се однесува целокупната опрема, додека за семафорот одвоени се 950.000 денари. Тој кажа дека општината потрошила само два милиони евра од вкупно предвидените шест и пол милиони евра според проценките на фирмата која го правела предлог проектот за реконструкција на спортската сала.

– Семафорот којшто ќе се вгради во нашата спортска сала којшто емитува резултат со сите услуги чини 950 илјади денари, мултимедијалниот честворостран семафор којшто веќе е вграден и инсталиран со придружна опрема чини десет милиони и 500.000 денари. Еве оставам на вас новинарите, ист таков има во салата „Борис Трајковски“ во салата во Аеродром, проверете колку истиот таму чини. Според мои информации најмалку два до три пати поскапо од цената за којашто за овој семафор ако истиот е согласно сите ФИБА стандарди со комплетна пропратна опрема на семафорот, инсталирана платформа со тежина од приближно два тона со пристапни скали со анализи на статика на објектот и верувам дека сериозните медиуми нема да потпаднат на вакви шпекулации, рече Димитриевски.

Тој нагласи дека првичниот проект за реконструкција предвидел шест милиони евра, а дека општината досега за реконструкција на салата потрошила два милиони евра.

– Направивме проект го работеше реномирана фирма „Геинг“ од Скопје за реконструкција. Цените за комплетна реконструкција согласно предлог пресметките од 2018-та година се некаде над 6, 5 милион евра до денеска општината има потрошено помалку од два милиони евра и над 80 проценти веќе е завршена работата оставам на јавноста да процени дали има простор за каква било манипулации, изјави Димитриевски.

Тој рече дека општината работи на два капитални проекти, реконструкција на спортската сала која изминативе децении беше уништена и како што рече распродавана и на реконструкција на малиот градски плоштад.

Би можело да ве интересира

Левица: Максим Димитриевски троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

Димитриевски: Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ се навикнати секој да им прави што сака, само да си ги остваруваат бизнис интересите

Предраг Петровиќ

Димитриевски: Мислам дека е погрешно ВРЕДИ да го имитираат ДУИ

Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски

Горан Наумовски

Максим Димитриевски и Мицкоски дегустираа коледарско гравче на Беарс Мото Рок Фестивал во Куманово

Горан Наумовски