Димитриевски од Кавадарци: Се роди нова политичка опција, никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти

Од:

Се роди нова политичка опција, трета опција во државата, можам да ветам дека никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти. Дадете поддршка на третата опција, на Движењето ЗНАМ За наша Македонија, што ќе биде контролор на идната власт и на идната опозиција, дополнително да се зголеми улогата на граѓаните и никогаш повеќе нема да се дозволи власта да аздисува како досега, без разлика кој ќе ја составува, истакна вечерва во Кавадарци, претседателот на Движењето За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Во придружба на носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 4 Миле Цеков, тој денеска е во Кавадарци, Неготино и Прилеп. Ја изразија благодарноста за поддршката на гласањето за претседател на државата, со порака дека на политичката сцена се појави нова сила, што заедно со граѓаните е подготвена да биде фактор на стабилноста. Повикаа масовно да се гласа на 8 мај и да им се даде поддршка на нивните кандидати за пратеници.

Цеков рече дека продолжуваат да ги појаснуваат мерките предвидени во нивната програма „Проглас за достоинствена Македонија“. Ова, како што додаде, особено важи за земјоделството, што е многу важно за Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата.

-Ја предвидуваме мерката загарантирана минимална откупна цена за земјоделските производи. Во делот на социјалната политика предвидуваме 13-та плата и усогласување на минималната пензија со минималната плата, подвлече Цеков.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Етничкиот предзнак не треба да биде привилегија за вработување

Димитриевски: Шпекулации се наводите дека е набавениот семафор за спортската сала кој чини над десет милиони евра

Левица: Максим Димитриевски троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

Димитриевски: Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ се навикнати секој да им прави што сака, само да си ги остваруваат бизнис интересите

Предраг Петровиќ

Димитриевски: Мислам дека е погрешно ВРЕДИ да го имитираат ДУИ