Димитриевски: МТСП ги одзема ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување директор во градинката Ангел Шајче, ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата

Од:

Сакам да ја информирам јавноста дека во текот на вчерашниот ден до Општина Куманово пристигна решение од Министерството за труд и социјална политика на коешто е потпишана ресорната министерка дека се одземаат ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување на директор во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ и исто така за поставување и разрешување на в.д. директор во оваа институција рече денеска на прес конференција градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

– Искрено сум разорачан, се потврди со ова решение дека историјата се повторува. Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат и ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата. Со ова само потврдуваат уште еднаш дека имаат за намера спротивно статутот на оваа институција да постават директор во истата институција која веќе незаконски е околу 20 години директор на ЈОУ Детската градинка Ангел Шајче. Искрено сум разорачан, но борбата на општината нема да застане, ќе ги искористиме сите правни средства, истото решение ќе го обжалиме пред надлежен суд и ќе ја водиме нашата борба во делот на поголема децентрализација, бидејќи сметаме дека оваа јавна институција заслужува да има подеднаков третман како и останатите и да излезе од партиските пранги кои во моментот сè се поцврсти“, изјави Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Излези Венко на тв дуел со мене, викни го и Заев напомош

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Горан Наумовски

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во коешто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија