Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ

Од:

Да се формира меѓународен тим во кој ќе има претставници на ЕУ, кој ќе работи на прилагодување на рамката во делот на прилагодување на Францускиот предлог, односно според потребите на општеството во Македонија што би значело приближување на процесот напред, бидејќи како што стојат работите Македонија стои во место. Сметам дека мора да се изнајде начин и модел со којшто ќе се модифицира преговарачката рамка за да се приближи тој процес на евроинтеграции и преговори напред и конечно да почнат преговорите со ЕУ за полноправно членство, рече претседателскиот кандидат на „Движењето ЗНАМ“, Максим Димитриевски, во денешното обраќање во Валандово.

Додаде дека ќе се залага да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција за сите пензионери, а парите за тоа би ги обезбедиле од нереализираните средства од капиталните инвестиции кои остануваат на крајот на годината.

Тој најави дека една од неговите први активности ќе биде измена на постоeчкиот Кривичен законик со кој се амнестира голем број на политичари во државата, како и претходни политичари, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите, а тој, како што рече, не отстапил од слоганот „Нема правда, нема мир“ и тој се се уште важел за него.

Инаку, во рамките на денешните активности Димитриевски ќе има средби со граѓани и во Дојран, Богданци и Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Излези Венко на тв дуел со мене, викни го и Заев напомош

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Горан Наумовски

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во коешто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија