Димитриеска Кочоска – Рокас: Реформите се вистинскиот патоказ на земјата за целосна евроинтеграција

Од:

Спроведувањето на реформи е вистинскиот патоказ за целосна реализација на нашата евроатланска интеграција. ЕУ е приоритет за Владата и Министерството за финансии и имаме цврста определба за реализирање на Реформската агенда поврзана со Планот за раст. Ова го констатира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средба со новиот амбасадор на ЕУ во земјава Микалис Рокас на кој му посака добредојде и успшен мандат, соопшти Министерството за финансии.

– Напредокот во остватрување на реформите отвора можности за зголемени инвестиции и финансирање од буџетот на ЕУ, вклучително и во големите инфраструктурни проекти, со што би се забрзал и процесот за намалување на економските и социјални диспаритети на земјата во однос на тој на ЕУ. Затоа фокусот ќе биде ставен на реформите и реформската агенда за приближување на земјата до ЕУ и обезбедување подобри услови и повисок стандард за граѓаните, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

На средбата стана збор за активностите поврзани со реализација на Планот за раст. Министерката информира дека Реформската агенда на земјата е усвоена од страна на Владата и дека е доставена до ЕК по што се очекуваат следните чекори од процесот и одобрување на средства од страна на ЕУ за реализација на домашната агенда. Основната цел на Реформската агенда е засилено спроведување на реформите преку забрзување на усогласувањето со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на јавниот сектор на Унијата, обезбедување негово транспарентно управување, развој на конкурентна и зелена економија и поддршка на процесот на пристапување со поглед на идното членство во Унијата.

Министерката на средбата истакнувајќи дека ЕУ е наш значаен партнер се заблагодари за континуираната поддршка на ЕУ на земјата и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина во остварување на нашата цел – целосна интеграција во ЕУ, стои во соопштението од Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоскa: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард

А1он

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија

А1он

Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи, во претстојниот период поголема реализација на капиталните инвестиции

А1он

Димитриеска Кочоска: Имаме проблем само со една компанија која директно зависи од извозот во САД и сега тој проблем го решаваме

А1он

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите

Рокас: ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг