Димитриеска-Кочоска до Петровска: Најмалку од сите имате право да коментирате за трошоци и за патни трошоци

Од:

Инфлацијата на храната во времето на владата на СДСМ стигна и над 30 отсто, а денеска е многу пониска и од три проценти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање.

-Најмалку од сите имате право да коментирате за трошоци и за патни трошоци во кои администрацијата во Министерството за одбрана ја ставивте на исто ниво со пратениците, а сметам дека не треба да биде така. Ве повикувам дајте издржан, конструктивен предлог со кој нема да се наруши интегритетот и достоинството на пратениците и нема никаков проблем, ќе го решиме, и рече Димитриеска-Кочоска на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ која и го постави прашањето.

Нагласи дека патните трошоци се исти за сите пратеници.

За забелешките за нејзините коментари за вредноста на минималната потрошувачка кошничка, Димитриеска Кочоска рече дека согласно податоците од последниот попис просечното семејство во земјава има три, а не четири члена. Порача дека иако нејзиното семејство е четиричлено купува замрзнат грашок во еден од најевтините маркети, а не грашоци кои се поскапи од 100 денари за иста грамажа како замрзнатите кои се многу поевтини. Како што рече, не купува ни грашок од конзерва, бидејќи не е сама туку се четири члена во семејството. Во нејзиниот коментар, како што кажа, коментирала и за млекото што го троши едно семејство месечно.

-Некое семејство може и 18 литри млеко, меѓутоа има и такво кое не пие млеко, рече Димитриеска Кочоска.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Се ќе биде согласно закон и транспарентно

А1он

Во сообраќајката кај Момин Поток загинаа полковник Стефан Ивановски и Ана Нешовска од Министерство за одбрана

А1он

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

Димитриеска-Кочоскa: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард

А1он

(ВИДЕО) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија

А1он