ДИК: Од обработени 80,85 % од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 59,41%, Амар Мециновиќ 34,80%

Од:

Од обработени 80,85 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 75 368 глас или 59,41 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 44 149 гласа или 34,80 проценти од вкупниот број гласови.

Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 33,08 отсто. Од вкупно регистрирани 474.304 избирачи во избирачкиот список, гласале 126 867 граѓани.

Во првиот круг за градоначалник на Скопје одѕивот беше 49,04% од вкупниот број на регистрирани избирачи во избирачкиот список. Ѓорѓиевски во првиот круг освои 91 663 гласа или 39,41 проценти од гласовите, додека кандидатот на ПП Левица, Мециновиќ 30 665 гласа или 13,18 проценти од вкупниот број гласови.

Би можело да ве интересира

Што вети новиот градоначалник на Скопје

Собранието треба да констатира престанок на мандатите на пратениците Мицевски, Стаменкоска Трајкоска и Проданоски

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалница, СДСМ осум ,еден помалку од ВРЕДИ

ВИДЕО: Мицкоски славеше во Кичево и во Брвеница

Ѓорѓиевски: Ти се поклонувам мое Скопје, влегуваме во ново време, на работа и дела

Катерина Ѓуровски

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025

Катерина Ѓуровски