ДИК: Изборната кампања почнува на 4 март

Од:

Државната изборна комисија вчера вечер едногласно го усвои роковникот за извршување на изборните дејства, а тоа значи дека роковите течат од денот на објавувањето во Службен весник.

ДИК во рок од три дена треба да достави барање до Министерството за информатичко општество за податоци за вработените во државната, во јавната и во администрацијата во општините и градот Скопје, а тој рок завршува до понеделник на полноќ.

Најдоцна до 26 јануари на полноќ ДИК ќе достави барање до опозицијата за членови во избирачките одбори и нивни заменици за што треба да добие одговор до 31 јануари и до 1 февруари да ги формира Избирачките одбори.

Јавниот увид во избирачкиот список во подрачните одделенија и месните канцеларии на ДИК ќе биде можен од 26 јануари до 9 февруари, а списокот ќе биде заклучен на 24 февруари на полноќ. Изборната кампања почнува на 4 март, а завршува на 22 март на полноќ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември