Делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ се подготвува за стартот на учебната година. Сите потребни работи околу успешен старт на учебната година веќе се при крај, така што, како што истакнаа од училиштето учебната година во централното како и во пет подрачни училишта кои работата во состав на училиштето ќе започне без никакви проблеми.
Според заменик-директорот на училиштето, Влатко Атанасовски, годинавa за првпат на училиште ќе тргнат 63 првачиња.
– Годинава според бројката која ја регистрирале нашите служби имаме околу 63 ученици кои својот воспитно-образовен процес ќе го започнат од прво одделение. Бројката се уште не е официјална, бидејќи имаме родители кои се во странство, а сакаат своите дечиња да ги запишаат во Делчево, така што оваа бројка очекувам да биде во пораст, вели Атанасовски.
Вкупно учебната година во делчевската деветолетка ќе ја започнат 600 ученици.
– Во состав на делчевската деветолетка работат и подрачните училишта во селата Стамер, Вирче, Град, Тработивиште и Разловци. Заедно со централното училиште во Делчево и заедно и овие подрачни училишта учебната година ќе ја започнат вкупно 600 ученици. Имајќи ја предвид бројката на запишани ученици од минатата година кога во училиштето беа запишани 576 ученици со голема радост може да соопштиме дека вкупниот број на запишани ученици кои ќе учат во нашето училиште е за 24 ученици поголем во однос на минатата година, додава Атанасовски.
Како што истакнаа од деветолетката целта на колегиумот на училиштето во следната учебна година ќе биде повторување на успесите кои ги постигнаа учениците во текот на изминатата учебна година и надминување на средниот успех кој на крајот на минатата учебна година изнесуваше 4.33.