Детско дефиле под маски во Делчево

Од:

Стотици маски креирани од најмладите, денеска продефилираа низ центарот на Делчево во рамките на традиционалната манифестација по повод Денот на шегата. Богатство од принцези, бетмени, самовили, пеперутки и пчели, но и гусари и други маски, беа дел од дефилето под маски по улиците на центарот на Делчево и на забавата која се одржа пред Спомен- домот АСНОМ, каде низ игра беа промовирани креациите на најмладите делчевци.

Посебен настап имаше групната маска на учениците од ООУ „Климент Охридски“,под име „Еволуција на човекот“, каде во пет дела, од пештерски луѓе до роботи со интересна кореографија беше преставена еволуцијата на човекот. За оваа маска, учениците од ООУ „Климент Охридски“ освоија второ место од 28 учесници на регионалниот карневал кој с еодржа во Пробиштип.

Настанот беше во организација на општина Делчево, а во соработка со образовните институции во градот и детската градинка „Весели цветови“.

Би можело да ве интересира

Стан изгоре во пожар во Делчево

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание