ВИДЕО: Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска, пред почетокот на денешната акција за чистење на Градот, на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари златната метла која на Министерството претходно му ја подарија граѓански организации.

На прашањето кога ќе има чистка во правосудството, Дескоска рече дека му ја предала златната метла на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев. „Останува виастинската амортизација на метлата да се случи во Судскиот совет“.

Потоа Здравев златната метла му ја подари на претседателот на скопскиот Кривичен суд Иван Џолев.

Акцијата за чистење ја организира Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.

Целта е, како што најави министерот за администрација, Дамјан Манчевски, да се подигне свеста за чиста околина и заштитата на здрава животна средина.

Би можело да ве интересира

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

Ана Ололовска

Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар

Ана Ололовска