Деркоски: Нема повредени патници во возот кај Миравци

Од:

Не е повреден ниту еден од патниците кои беа во возот на релацијата Скопје – Гевгелија, од кој вчера попладне се откачи вагон на потегот на пругата меѓу Миравци и Милетково, изјави за МИА директорт на МЖ Транспорт Оливер Деркоски.

Според Деркоски, станува збор за обичен технички дефект, а шесте патници кои биле во возот немаат никакви повреди и се транспортирани до крајната дестинација.

– Се случи обичен технички дефект, пукање на квачило и активирање на автоматска кочница. Во тој момент согласно механизмот на возот се активира автоматската кочница. Тоа се случило на влезот во станицата во Миравци, каде што возот се движи со мала брзина. Во возот имало 6 патници, кои веднаш се транспортирале таму за таму каде се упатени, рече Деркоски.

Во секојдневна работа, појасни, многу често и при маневрирање на возовите се случуваат вакви работи, и ништо не е невообичаено. Се случуваат и механички дефекти, иако се вршат технички плрегледи, изјави директорот на МЖ Транспорт.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски