Дебатите претставуваат најдобар начин за кандидатите да ги претстават своите визии пред јавноста и да се соочат со визиите на противкандидатите на јавна сцена, во живо. Како и за граѓаните да се здобијат со подетални информации за тоа кои се нивните планови за управување на земјата, вeли Билјана Ванковска, кандидат за претседател.
„Во отсуство на дебата меѓу претседателските кандидати, што е одлика на едно демократско општество Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица, вечерва со почеток во 18 часот на Фејсбук страницата на Левица ќе одговара на прашања од гледачите. Прашањата може да се остават во коментар под објавата што е поставена на социјалните мрежи или во тек на самиот пренос во живо“, велат од Левица.