Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Од:

ремето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Под влијание на циклонска активност во четврток ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево и топло до 38 степени

Денеска сончево со мала облачност

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер