Денеска сончево и топло, со умерена локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во недела и понеделник претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Денеска ќе биде сончево и топло

Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Денеска променливо облачно со сончеви периоди