Демократскиот сојуз на Власите од Македонија на сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита 23 Мај – Национален ден на Власите.
– Власите дадоа голем историски, културен и општествено-политички придонес во градењето на нашата заедничка држава, Република Македонија. Покрај сите предизвици заедничкиот живот помеѓу заедниците во Македонија треба да го унапредуваме секојдневно и тоа нека биде поттик за создавање општество кое ќе обединува. Негувањето на меѓусебните односи нека ни биде заедничка цел и определба која ќе придонесе за просперитетна Македонија, вели претседателот на ДСВМ во честитката по повод Денот на Власите.
Со одговорно и искрено продлабочување на заедништвото, меѓусебната толеранција и доверба, почитувањето на посебностите и негувањето на сличностите, додава тој, може да обезбедиме стабилна и сигурна иднина за сите граѓани во Република Македонија.