Демир Хисар со целосно нова водоводна мрежа

Од:

Во Демир Хисар е извршена целосна реконструкција на поголем дел од застарената водоводна мрежа долж неколку улици во градот во должина од 2.190 метри. На оваа делница, целосно е исклучена старата азбестна водоводна мрежа и е изградена нова во која што се вградени висококвалитетни материјали што ги задоволуваат највисоките еколошки и техничко – технолошки стандарди.
Се очекува наскоро да започне и реконструкцијата на уште околу една третина од проектираниот зафат.

Пролетната фаза од започнатата реконструкција што заедно со веќе реализираното од минатата година вкупно ќе изнесува 3.331 метар, според обемот и вредноста досега е најголема и ќе значи целосна реконструкција на градската водоводна мрежа. Новата мрежа ќе значи подобрување на квалитетот и редовноста во снабдувањето, како и намалување на дефектите и неконтролираните загуби на вода во мрежата.

Инаку, овој досега најголем водоснабдителен зафат во градот се реализира во рамки на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ на Министерството за транспорт и врски, а се финансира со средства од Европската инвестициска банка.

Општината Демир Хисар уште во февруари минатата година, во конкуренција на 121 поднесени проекти, аплицираше со свој проект кој што беше еден од 29 – те предложени, највисоко рангирани и одобрени од страна на Европската инвестициска банка.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска