Делови од Сопиште, Кисела Вода, Бутел, Аеродром и Чучер Сандево утре без струја

Од:

Жителите од скопското село Долно Соње утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 10:40 часот утре без струја ќе бидат корисниците од ТС Рудопроект, каменолом Беровиќ, селата: Осинчани, Држилово, Јасен, Елово, Патишка Река, Малчиште, Добри Дол, Ракотинци, Маркова Сушица, Јаболци, Нова Брезница, Говрлево, Горно и Долно Соње, селото Света Петка, ТС Грин еко фарма- живинарска фарма, ТС Маркова Сушица Сковин, Механографија, ТС Техно Павер и ТС Мис Вато.

Од 08:45 до 10:45 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од местото викано Чардак и дел од селото Бразда, а од 9 до 13 часот корисниците од Долно Лисиче.

Во периодот од 8 до 9:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „8“ во селото Радишани, куќите околу сервис „Зајо“ и куќите околу населбата „Хот и Хот“.

Од 9 до 16:30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ околу новиот кружен тек кај последната постојка на автобусот со број 24, а од 9 до 15 часот дел од корисниците со викендици во скопското село Побожје.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причината за прекините во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство