Делови од Скопје утре без струја

Од:

Од 8 до 15 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Горно Врановска“ и „Ѓорѓи Капчев“ и подулица бр. 1 во општина Аеродром.

Без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од село Ракотинци, од сред селото кон гробиштата, а од 9 до 10 часот корисниците од улицата „Серава“ бр. 85 и бр. 63 во општина Чаир.

Во временскиот период од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од село Кондово, а од 9 до 14:30 часот корисниците од населбата Крњево, зад комплексот факултети во општина Центар.

Од 9 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Ново Село, улица „100“ од бр. 1 до бр. 19, улицата „102“ од бр. 2 до бр. 10 и улицата „201“ во општина Ѓорче Петров. Од 9:30 до 15 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Лука Геров“, подулици бр. 12, бр. 14 и бр. 16 во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Долна Арнакија во општина Сарај, како и корисниците од улиците „Дринска“, „Виничка“, „Вашингтонска“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари. Од 10:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Визбегово, улицата „3“ во општина Бутел.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради технички зафати во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја