Делови од Скопје утре без струја

Од:

Корисниците од населбите Ќерамидница, Триангла, Хиподром, Гоце Делчев, Јурумлери, дел од Долно Лисиче и дел од селата Арачиново и Орланци утре од 5 до 6 часот ќе бидат без електрична енергија.

Од 8:30 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Петар Ацев“ бр.4 во општина Аеродром, а од 8:30 до 9 часот дел од корисниците од улиците „Мирка Гинова“ и „Орце Николов“, зад Гимназијата, во општина Карпош.

Во временскиот период од 8:30 до 14 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „11 Октомври“ – бараките во близина на Стара Рампа, а од 8:30 до 10:30 часот дел од корисниците од улиците „Македонска Преродба“, „Борис Сарафов“, „Арсение Јовков“, „Радушка“ и „Апостол Петков“ во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 8:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр.10, а од 8:30 до 14 часот корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр. 2 , општина Аеродром.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ подулици со број 2, 3, 4, 8, 10, 12 и 32, од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“, а 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Пелагонија“, „Злетовска“ и „Брсјачка буна“ во општина Шуто Оризари.

Без струја од 10 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гаврил Константиновиќ“, општина Аеродром, а од 11 до 12:30 часот дел од корисниците од улиците „Беаз Куле“ и „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров.

Од 13 до 15 часот без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Црногорска“, „Борис Сарафов“, „Драговити“, „Панајот Гиновски“, „Островска“, „Жеденска“ и „Смилевски конгрес“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час

Поради пожар, дел од Чаир, Бутел и Железара се без струја

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски