Делови од неколку населби во Скопје утре ќе останат без струја во определен временски период поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Според Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во периодот од 12:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат жителите од улицата Ленинова со броевите 15, 17 и 19 во општина Центар, а од 14 до 15 часот дел од улиците Јадранска и Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров.
Од 06:20 до 16:30 часот струја ќе немаат корисниците од месноста Дрма, Идризово, дел од селото Кадино и селото Мралино, населеното место Мралински Мост, Казнено-поправниот дом Идризово и фирмите Прилепска Пивара, Мак Лифт, Мајами, Ана Ком, Алекс, Пилко и Макпетрол Идризово во општина Илинден.
Во периодот од 11 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат дел од улиците Наум Охридски, Чедомир Кантарџиев и ул. 474. во општина Кисела Вода, а од 09 до 12 часот корисниците од улицата Коста Новаковиќ бр. 42. во општина Аеродром.
Струја од 09 до 15 часот ќе нема и дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот улиците Ганчо Хаџипанзов и Капиштец и дел од корисниците од улиците Димитар Пандилов и Караорман во општина Центар.
Еден час, односно од 11 до 12 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Љубин во општина Сарај и дел од корисниците од селото Горно Соње, месноста викана Под Брег во општина Сопиште.