Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат делови од булеварот „Партизански одреди“, улицата „Тодор Чангов“, селата Кучевиште, Побожје, Сингелиќ и Арачиновски пат.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 8 до 9 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Партизански одреди“ бр.95, а од 9 до 10 часот корисниците од улицата „Тодор Чангов“ бр.21, 23 и 25.
Во периодот од 9:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Кучевиште, а до 15 часот улицата „2“ во село Побожје. Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од Чучер и дел од корисниците од Сандево, како и улиците „Мишко Михајловиќ“, „Томе Томшиќ“ и „Боте Боцевски“ во Кисела Вода.
Според соопштението, без струја од 10 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Сингелиќ, Арачиновски пат-Хангари.