Делови од Скопје и околината утре без струја

Од:

Дел од корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Коце Металец“ во општина Гази Баба утре од 8:15 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Грчец, а од 9:30 до 12:30 часот дел од корисниците од улиците „1“ и „5“ во општина Сопиште, како и селото Света Петка.

Во периодот од 9:30 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе се и корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Гвадалахара“ и „Метохиска“ во општина Шуто Оризари, од 9 до 14:30 часот дел од корисниците од Стара Чаршија и Дуќанџик во оопштина Чаир, а од 9 до 15:30 часот дел од корисниците од улицата „Островска“ во општина Ѓорче Петров и делот од автопатот Скопје-Тетово пред обиколница за Ѓорче Петров.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Браќа Грим“, „Анреа Димишков“, „Кумановска“, „Лазар Димитров“ и „Добормир Хрс“ во општина Кисела Вода, а од 8:30 до 14:30 часот дел од корисниците од село Љубош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро – системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја