Делови од Сарај, Карпош и Ѓорче Петров без струја

Од:

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во Шуто Оризари, Агино Село и корисниците покрај езерото Треска денеска од 9 до 10 часот ќе бидат без струја.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат жителите од Долно Свиларе и дел од потрошувачите од селото Волково, лоцирани на улицата „100“, како и корисниците од улиците „1“, „2“,„3“ и „4“ во Грчец.

Од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „4 Јули“ број 43, „Козле“ и „Стогово“ од број 21.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз